In order to view this object you need Flash Player 9+ support!

Get Adobe Flash player

Powered by RS Web Solutions


Температура

ClearClearoC
Humidity: 61%
Wind: NE at 13 mph

Во охридско завеани бачила -добитокот во опасност

Во Велгошти и по новите неколку сантиметри снег нема проблеми но за својот добиток стравуваат селаните од охридските села Ливоишта и Свињишта, чии бачила останале завеани во планините.


Прочитај ја целата вест...

Велгошти повторно под снег

Велгошти денес осамна под дебела снежна покривка.Снегот почна да паѓа од синоќа па се до пладне со што го отежнува движењето на луѓето и возилата. Наврнаа повеќе од петнаесет сантиметри снег,а животот се одвива забавено и во зимски услови.


Прочитај ја целата вест...

Седумдневен бесплатен одмор за ракометарите во Охрид

Градоначалникот на Охрид , Александар Петрески , хероите од македонската ракометна репрезентација, кои го освоија петтото место на европското првенство и обезбедија учество во квалификациите за олимписките игри , како награда и почит, ги наградува со седумдневен бесплатен одмор во Охрид , заедно со нивните сопруги. Македонските спортски репрезентации секогаш доаѓале во Охрид , за да ги наполнат срцата , да...


Прочитај ја целата вест...
012
Култура PDF Печати Е-пошта

По културно ниво Велгошти од секогаш се наоѓало по Охрид. И по менталитетот има доста заедничко со Охридскиот "Варош" Високиот степен на култира се огледа во односот на Велгоштани ,во нивниот начин на живеење,во уредувањето на домовите т.е.по сите видови на народно културно живеење. Верските празници немаат само религиозен карактер,туку се значајни и од културен аспект. На нив доаѓа до израз богатиот народен фолклор и спрамноста за негово збогатување и осовршување.
Народната орска мелодија има своја долга традиција .Во минатиот век на тоа поле врвни резултати постигнала фамилијата Ничевци.Првиот свирач на кларинет бил Ристо Ничоски-Брно.Свирката на Брно била на далеку позната .Тој им свирел на свечености (на свадби ,крштевки ,празници,и други семејни веселби) и на сточарите Власи што доаѓале на планината Исток и Петрино дури од егејскиот дел на Македонија и Грција меѓу двете светски вијни. Од Брно е и денеска популарното народно оро ,што е познато како „Велгошко оро“ . Тоа сеуште се свири и игра во секоја пригода а најчесто на свадби.

Играорна група

 

Велгошката играорна група била од секогаш активна .Во Велгошти имало добри играорци. Браќата Китрозовци (Стојан,Кирил, Гоше ,Петруш и други) кога биле на печалба во Америка настапувале со ора од нашето поднебје а во 1937/38год. учествувале и на фестивал во Белград. Кон оваа група се приклучиле и други Велгоштани ,меѓу кој и Крлески Лазор. При играње на "Велгошкото оро" било атракција нивното кревање полна чаша со ракија од патос, носење шише и чаша со глава и друго.
Традицијата на Велгошките играорци продолжува и денес. Доста активна е фолклорната група на  КУД ,,Илинден“ долги години под водство на Крлески Слободан  ,но во 2011 по долго боледување Слободан починува ,и улогата на водач на  КУД ,,Илинден“ ја презема Никола Речкоски . КУД "ИЛИНДЕН"е формирано во 2001 год.во кое учествуваат 150 членови на воздраст од 5 до 65год. Го негува богатиот и атрактивен изворен македонски фолклор. Располага со оргинални стари носии стари преку 50 години,и традиционални музички иструменти како што се тапанот,гајдата и кавалот. Од своето постоење учествувало на многу фестивали каде редовно добива признанија и награди.

 

 

Куд "Илинден" Велгошти – Охрид Македонија

Tел. ++389 46 288 778

Моб. Tел ++389 70 533 515

 

e-mail:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Share/Save/Bookmark
 

Кој е присутен

Има 20 гости присутни

Велгошти на Facebook

Превод



Sobi vo Ohrid   “В И Т А С П Р И Н Г” macedonia-news.info Ohrid Info DON

Site Meter