In order to view this object you need Flash Player 9+ support!

Get Adobe Flash player

Powered by RS Web Solutions


Температура

Light snowLight snow -3 oC
Humidity: 86%
Wind: N at 21 mph
СВЕЧЕНО ОЗНАЧЕН ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА
Velgosti.com Вести
Среда, 01 Септември 2010 18:49

Утрово, во дворот на ОУ „ Живко Чинго“ во Велгошти, свечено беше означено поаѓањето на првооделенците запишани во ова училиште. Оваа свеченост симболично го означи почетокот на новата учебна 2010/2011 година во училиштата на подрачјето на општина Охрид.
Покрај првачињата, нивните  родители и најблиски, наставниците и ученици од повисоките одделенија, на свеченоста присуствуваа и претставници на локалната самоуправа.

Градоначалникот Александар Петрески со пригодно обраќање, им посака успешен почеток на школската година на сите ученици од општина Охрид  а на првооделенците им го честита првиот училиштен час. Во своето обраќање, градоначалникот Петрески ги потенцира важноста и вредноста на процесот за подобрување на условите во училиштата кои придонесуваат за подобар квалитет на наставата.

 

Имајќи ја предвид поголемата улога на Локалната власт во областа на образованието, општина Охрид, во континуитет, им овозможува на учениците квалитетен образовен процес преку проектите за реконструкција на училиштата на подрачјето на општина Охрид.

Share/Save/Bookmark
 

Кој е присутен

Има 17 гости присутни

Велгошти на Facebook

Превод



Sobi vo Ohrid   “В И Т А С П Р И Н Г” macedonia-news.info Ohrid Info DON

Site Meter