Температура
| Во Велгошти без проблеми по обилните врнежи |
| Velgosti.com Вести | |||
| Недела, 07 Март 2010 15:11 | |||
|
Обилните дождови и снегови што ја зафатија државава во текот на завчерашниот ден не предизвикаа поголеми проблеми во Велгошти.Реката Сушица иако има поголемо количество на вода сепак не преставува проблем за Велгоштани. Канализационата мрежа иако целосно не е доизградена Функционира.Проблем сепак преставаат патиштата кои сеуште не се санирани, на места се јавуваат дупки кои го отежнуваат одвивањето на сообраќаот во Велгошти. Меѓутоа нивото на Охридското Езеро бележи пораст и сега се наоѓа на 694 метри надморска височина, односно +25 сантиметри над максималната граница.
|








Light snow -3 oC





