In order to view this object you need Flash Player 9+ support!

Get Adobe Flash player

Powered by RS Web Solutions


Температура

OvercastOvercast -1 oC
Humidity: 69%
Wind: N at 17 mph
Velgosti..com Вести
Вести

Велгошти повторно под снег
Velgosti.com Вести
Четврток, 02 Февруари 2012 17:48

Велгошти денес осамна под дебела снежна покривка.Снегот почна да паѓа од синоќа па се до пладне со што го отежнува движењето на луѓето и возилата.

Наврнаа повеќе од петнаесет сантиметри снег,а животот се одвива забавено и во зимски услови.

Повеќе...
 
Седумдневен бесплатен одмор за ракометарите во Охрид
Velgosti.com Вести
Недела, 29 Јануари 2012 09:33

Градоначалникот на Охрид , Александар Петрески , хероите од македонската ракометна репрезентација, кои го освоија петтото место на европското првенство и обезбедија учество во квалификациите за олимписките игри , како награда и почит, ги наградува со седумдневен бесплатен одмор во Охрид , заедно со нивните сопруги.
Македонските спортски репрезентации секогаш доаѓале во Охрид , за да ги наполнат срцата , да се оснажат и во себе да понесат дел од охридскиот дух за да можат успешно да се справат и со најдобрите екипи во Европа и светот.

Повеќе...
 
Велгоштанец на натпреварот Македонија Србија
Velgosti.com Вести
Четврток, 26 Јануари 2012 23:00

Во организација на македонската влада беа избрани 1000 граѓани да патуваат во Белград на ракометарскиот натпревар Македонија Србија. Извлекувањето се избираше по пат на лотарија ,и меѓу среќните да биде избран беше и нашиот сограѓанин Никола Билбилоски . Тој се најде на местото број 55 на листата која беше објавена на страната ovaemakedonija.mk . Како што вели Билбилоски патувањето воглавно поминало добро и со мали пропусти.

Повеќе...
 
Водици 2012
Velgosti.com Вести
Четврток, 19 Јануари 2012 12:04

Денеска   во Велгошти на празникот Водици и покрај ладното време се собраа голем број на верници.По чесниот крст во базенот скокнаа голем број на млади Велгоштани.Најсрекен од сите беше   деветнаесетгодишниот Петар Шибакоски кој го фати честиот крст.
Се верува дека кој ке го фати крстот цела година ке го следи среќа, здравје и благо состојба.

Повеќе...
 
Ќе се уриваат охридските плажи
Velgosti.com Вести
Понеделник, 16 Јануари 2012 18:49

Охридските плажи за кои истекоа концесиите  најпрво ќе се уриваат,а дури потоа ќе се издваат под концесија Ова денес  од државниот градежен инспекторат им го соопштија на концесионерите на плажите во Охрид.

Тие во изминативе пет години стопанисуваа со плажите, сега треба да ги вратат во првобитна положба  во која ги затекнале , а потоа  одново да ги градат.

Повеќе...
 
Врнежи од снег го зафатија Велгошти (Фото)
Velgosti.com Вести
Сабота, 14 Јануари 2012 18:28

Врнежи од снег денес го зафатија Велгошти , снегот паѓаше скоро 12 часа и до сега снежната покривка изнесува околу дваесетина сантиметри.

Според најавата на метеореолозите  во текот на ноќта се очекува температурата да се спушти и до - 12 степени. Како што најавуваат од меторелошката станица во Охрид можно е да има рекордно ладно време кое до сега не е запишано во нашата околина.

Повеќе...
 
Во Велгошти падна првиот годинешен снег
Velgosti.com Вести
Петок, 06 Јануари 2012 15:04

Врнежи од снег  го зафатија денес Велгошти, за кратко време ги прекриа со снег  улиците и го отежнаа сообраќајот.

Улиците се проодни,но треба да се вози внимателно.

Екипите на ЈП Охридски Комуналец да започнаа да ги чистат коловозите

Повеќе...
 
Почина Киро Глигоров
Velgosti.com Вести
Понеделник, 02 Јануари 2012 12:34

Во сон во својот дом во Скопје, синоќа на 94-годишна возраст починал Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија.

Роден е во Штип на 3. мај 1917. година. Беше  еден од најистакнатите политичари во Република Македонија Претседател на Република Македонија, функцијата која ја извршуваше во два мандати од 1991 до 1999 година.

Повеќе...
 
Во Велгошти запленети 2.100 петарди!
Velgosti.com Вести
Сабота, 31 Декември 2011 22:02

Секторот за внатрешни работи Охрид, вчера, во Велгошти, пронајде и одзеде вкупно 2100 парчиња пиротехнички средства-петарди марка „Пират„ Јавува OhridNews. Петардите се пронајдени при претрес во домот на 59- годишен жител на селото Велгошти, кој петардите неовластено ги набавил од Скопје, а биле наменети за прослава на Новата година, како и за понатамошна продажба.

Повеќе...
 
« ПочетокПред12345678910СледноКрај »

Страница 1 од 15

Кој е присутен

Има 19 гости присутни

Велгошти на Facebook

Превод



Sobi vo Ohrid   “В И Т А С П Р И Н Г” macedonia-news.info Ohrid Info DON

Site Meter