Температура
Велгошти повторно под снег
Велгошти денес осамна под дебела снежна покривка.Снегот почна да паѓа од синоќа па се до пладне со што го отежнува движењето на луѓето и возилата. Наврнаа повеќе од петнаесет сантиметри снег,а животот се одвива забавено и во зимски услови.
Прочитај ја целата вест...
Седумдневен бесплатен одмор за ракометарите во Охрид
Градоначалникот на Охрид , Александар Петрески , хероите од македонската ракометна репрезентација, кои го освоија петтото место на европското првенство и обезбедија учество во квалификациите за олимписките игри , како награда и почит, ги наградува со седумдневен бесплатен одмор во Охрид , заедно со нивните сопруги. Македонските спортски репрезентации секогаш доаѓале во Охрид , за да ги наполнат срцата , да...
Прочитај ја целата вест...
Велгоштанец на натпреварот Македонија Србија
Во организација на македонската влада беа избрани 1000 граѓани да патуваат во Белград на ракометарскиот натпревар Македонија Србија. Извлекувањето се избираше по пат на лотарија ,и меѓу среќните да биде избран беше и нашиот сограѓанин Никола Билбилоски . Тој се најде на местото број 55 на листата која беше објавена на страната ovaemakedonija.mk (http://ovaemakedonija.mk ). Како што вели Билбилоски...
Прочитај ја целата вест...
| Споменици на културата (цркви и манастири) |
|
Света Петка
Св.Петка Некогаш Св. Петка Денес
Св. Илија
Свети Kлимент (Сети Пантелемон)
Свети Климент или помалку користеното Свети Пантелејмон е главната селска црква во охридското Велгошти. Таа воедно е и главна парохоска црква на Велгошката парохија. Црквата е изградена во 1872 година. Делумно фрескоживописана е во 1944 година од страна на зографот Коста Иванов од Тресонче, а останатите делови во 1982 година, од страна на уметникот Марјан Ристески од Велгошти. Црквата преставува тробродна базилика. Има полукружна апсида. Внатрешниот дел на покривот е сводест. Целиот иконостас е споменик на културата. Во црквата се наоѓа следниов запис:
Свети Димитрија Околу 500 метри југоисточно од центарот на Велгошти е месноста "Свети Димитрија" Таму некогаш имало црква посветена на светецот Димитрија. Поради тоа на тоа место во поново време е изградена минијатурна капела. На Митровден Велгоштани и Охриѓани ја посетуваат палат свеќи и носат подароци. Црква "Свети великомаченик Димитриј" - изградена во 1983 година, и осветена во истата година од Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Во Велгошти има уште многу цркви и црквички: Света Недела ,Свети Никола
Света Недела
Црква "Света великомаченичка Недела" - камен-темелник осветен и поставен во 1981 година, а осветена е во 1987 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Фрескоживописана е делумно од уметникот Драган Ристески од Охрид, а делумно од
Марјан Ристески од село Велгошти.
![]()
.
![]()
.
Свети Никола
![]() ![]()
.
Споменикот е посветен на стреланите Велоштани во 1913 година од страна на Српскиот окупатор.
.
![]()
.
![]() Фото: М.Кецкароски
Руса Среда (Лековита Вода)
|








Light snow -3 oC
На падините на ридот ,"Олмец" се наоѓа манастирот Света Петка. На средната страна од надворешниот дел на петтостраната апида е забележан следниот запис: "Света Петка. Изградена по повелба на цар султан Абдул Хамид.Помош на народот во времето на игуменот Наум Илиев. Во лето 1890 22мај".
.
.













