Температура
Велгошти повторно под снег
Велгошти денес осамна под дебела снежна покривка.Снегот почна да паѓа од синоќа па се до пладне со што го отежнува движењето на луѓето и возилата. Наврнаа повеќе од петнаесет сантиметри снег,а животот се одвива забавено и во зимски услови.
Прочитај ја целата вест...
Седумдневен бесплатен одмор за ракометарите во Охрид
Градоначалникот на Охрид , Александар Петрески , хероите од македонската ракометна репрезентација, кои го освоија петтото место на европското првенство и обезбедија учество во квалификациите за олимписките игри , како награда и почит, ги наградува со седумдневен бесплатен одмор во Охрид , заедно со нивните сопруги. Македонските спортски репрезентации секогаш доаѓале во Охрид , за да ги наполнат срцата , да...
Прочитај ја целата вест...
Велгоштанец на натпреварот Македонија Србија
Во организација на македонската влада беа избрани 1000 граѓани да патуваат во Белград на ракометарскиот натпревар Македонија Србија. Извлекувањето се избираше по пат на лотарија ,и меѓу среќните да биде избран беше и нашиот сограѓанин Никола Билбилоски . Тој се најде на местото број 55 на листата која беше објавена на страната ovaemakedonija.mk (http://ovaemakedonija.mk ). Како што вели Билбилоски...
Прочитај ја целата вест...
| Култура |
|
|
|
|
По културно ниво Велгошти од секогаш се наоѓало по Охрид. И по менталитетот има доста заедничко со Охридскиот "Варош" Високиот степен на култира се огледа во односот на Велгоштани ,во нивниот начин на живеење,во уредувањето на домовите т.е.по сите видови на народно културно живеење. Верските празници немаат само религиозен карактер,туку се значајни и од културен аспект. На нив доаѓа до израз богатиот народен фолклор и спрамноста за негово збогатување и осовршување. Играорна група
Куд "Илинден" Велгошти – Охрид Македонија
Tел. ++389 46 288 778 Моб. Tел ++389 70 533 515
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите |








Light snow -3 oC


Велгошката играорна група била од секогаш активна .Во Велгошти имало добри играорци. Браќата Китрозовци (Стојан,Кирил, Гоше ,Петруш и други) кога биле на печалба во Америка настапувале со ора од нашето поднебје а во 1937/38год. учествувале и на фестивал во Белград. Кон оваа група се приклучиле и други Велгоштани ,меѓу кој и Крлески Лазор. При играње на "Велгошкото оро" било атракција нивното кревање полна чаша со ракија од патос, носење шише и чаша со глава и друго.







